Јавен тоалет во Јапонија vs. јавен тоалет во остатокот од светот (видео)
- Детали
- вторник, 25 октомври 2016
Јавните објекти како тоалетите се нешто кое ќе го сретнете во секоја земја. Сепак, изгледот и хигиената можат навистина да ве збунат.
Јапонија е една од земјите која води огромна сметка за кој било јавен објект, па тоалетите не се никаков исклучок. Ако судиме според нив, Јапонија дефинитивно живее во иднината.
Тие се опремени со најразвиена технологија и се секогаш чисти и уредни, пред сè заради културата и воспитувањето уште од најмали нозе дека секој треба да води грижа за објектите од таков тип.
Од друга страна пак, тоалетите во целиот свет се целосна спротивност. Нечистотијата е првата работа зошто никогаш не би ги користеле, а за подвижни даски кои сами се креваат и спуштаат можеме само да сонуваме.
Следното видео на најдобар начин ќе ви покаже колку разликата во културите е навистина огромна:
М. С. | Црнобело