Париз донесе закон со кој ги поттикнува граѓаните да садат урбани градини
- Детали
- четврток, 13 октомври 2016
Со своите прекрасни градини, балкони обвиени со растенија и цвеќарници во секој дел од градот, Париз е несомнено најпријателскиот цветен град во светот.
Со новиот закон, тој има тенденција да стане уште позелен и порасцветан.
Благодарение на неодамнешната иницијатива, дел од париската јавност има право, па дури и се охрабрува да засади растенија и да ги одржува своите урбани градини.
Градоначалникот на Париз е решен да го претвори главниот град во зелен рај и да има дури 100 хектари зелени површини во градот до 2020-та година.
Жителите ќе имаат можност да добијат обновливи тригодишни дозволи, а списокот на работи кои може да ги садат опфаќа овошје, зеленчук, зелени растенија и цвеќиња.
Законот ги поттикнува луѓето да бидат креативни, зелените надворешни фасади и градини на покривот се само дел од многуте креативни предлози понудени од страна на градот.
Флората сепак мора да се култивира со помош на одржливи методи, односно без пестициди и да ја подобрува естетиката на градот.
Оваа иницијатива е прекрасна, бидејќи не само што ќе го направи Париз уште поубав, туку и почист и поздрав за своите граѓани.
(О)Милена | Црнобело