Со монопол купете си дрога!
- Детали
- четврток, 18 март 2010
Американските медиуми пренесуваат дека полицијата пријавила напад на еден Американец кој бил приведен откако пробал да купи дрога со...
... пари од популарната друштвена игра Монопол.
Американецот чиј идентитет не е откриен, со крвава глава влегол во полициската станица во Канзас. Рекол дека сака да пријави случај и и' објаснил на полицијата како бил физички нападнат откако се обидел со неколку стотици долари (од Монопол) да купи друга.
Полицијата во изјавата навела како одреден бесен дилер, го повикал машкото лице во својата куќа каде неколку пати со пиштол го замавнал по главата. И покрај сериозните повреди кои му биле нанесени, сепак лицето помина без поголеми последици и е надвор од животна опасност.
Полицијата се уште трага по дилерот.