Ксенија Пајчин најдена мртва
- Детали
- вторник, 16 март 2010
Поп пејачката Ксенија Пајчин е пронајдена мртва во станот во Вождовац, потврдува српската полиција. Според нивните извештаи, убиен е и...
... нејзиниот дечко, црногорскиот манекен Филип Каписода!
Се уште нема никакви детали што точно се случило. Од полицијата е соопштено дека најверојатно се работи за убиство и самоубиство, а пронајден е и пиштолот со кој е извршен овој злочин. Најверојатно до трагичниот настан дошло откако Каписода пукал во Ксенија, а потоа извршил самоубиство. За ова сведочи и пиштолот пронајден покрај телото на Каписода и прострелна рана во неговата слепоочница.
Ксенија Пајчин е родена на 3-ти декември, 1977 година во Белград. Својата кариера ја започна како пејачка на групата "Duck", за наскоро да сними свој самостоен албум.
Последната информација во врска со неа беше таа дека Ксенија е трудна, што таа строго го демантираше. Филип Каписода е црногорски манекен кој стана познат по учеството во "Големиот Брат ВИП".