Аутистично момче само си честитало роденден, сè додека не пристигнале 20.000 честитки од целиот свет

Срцето на 49-годишната Карен Џоунс од Ексмаут, Англија, буквално се скршило од болка кога виделa како нејзиното аутистично синче си пишува две роденденски честитки и ги адресира до себеси.

Osameno-autisticno-momce-dobilo-20.000-rodendenski-cestitki-01.jpg

Тогаш решила да побара помош јавно на Фејсбук, преку порака во која ги замолила корисниците доколку им се наоѓа некоја стара честитка по дома да ја испратат до нејзиниот син Оли, бидејќи тој нема многу пријатели поради аутизмот, а толку многу сака да отвара честитки.

Луѓето уште еднаш ја покажаа својата хуманост и љубов на дело, испраќајќи повеќе од 20.000 честитки за роденденот на Оли.

Тој добил повеќе честитки отколку што просечно добива кралицата на Англија за роденден.

Стотици подароци развлекоа насмевка на лицето на Оли и неговата мајка, вклучувајќи Xbox од Саудиска Арабија и ваучер за бесплатно патување.

Неговата мајка била трогната од вниманието на толку многу непознати луѓе и искрено им се заблагодарила, шегувајќи се дека ќе им биде потребна цела една година да ги отворат сите честитки.

Погледнете го хуманиот гест на дело:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg