Интернет ѕвезда - Момчето кое има само 11 години, а веќе е студент
- Детали
- четврток, 25 август 2016
Нема ништо страшно во тоа да не бидете екстремно надарени за учење. Некои луѓе едноставно се поамбициозни и поинтелигентни од другите.
Но, што ако најинтелигентниот студент на часот со вас е 11-годишно момче? Дали тогаш ќе се чувствувате глупаво?
Барем така се почувствувале студентите од Универзитет Толедо во Охајо кога покрај нив, на студентските клупи седнал и Даниел Лиу кој има само 11 години - дете гениј.
„Ова дете има 11 и е на мојот час по органска хемија“ - напишала 19-годишната Цигден Кајахоглу која на Твитер споделила фотографија од најмладиот студент.
„Ни кажа ако имаме прашања да му пратиме мејл“ - додала.
Фотографијата беше лајкувана над 230 илјади пати и така младиот Даниел стана вирална сензација.
Но, нему не му е непозната славата.
Тој дури и се запознал со обама кога добил стипендија од $10.000 долари.
Да ве потсетиме, има само 11 години.
Н. Г. | Црнобело