89-годишна бабичка конечно добила шанса да биде деверуша на свадбата на својата внука
- Детали
- четврток, 25 август 2016
89-годишна бабичка од Балина, Јужен Велс е доказ дека годините се само бројка откако решила да биде деверуша на својата внука Рошел.
Морин Карни, баба на 10 и прабаба на 6 деца, која вели дека отсекогаш посакувала да биде деверуша, но никогаш немала можност да зачекори пред олтарот за некоја своја пријателка или роднина.
Па, Рошел решила да ја замоли токму својата баба да ѝ биде деверуша за големиот ден и да и даде можност да го оствари својот сон.
„Тоа беше еден од најдобрите денови во мојот живот, ако можам пак, повторно би го повторила“ - вели Карни.
„Ова беше посебен ден за двете. Јас отсекогаш сакав да бидам деверуша... Еднаш ме праша една моја пријателка, но никогаш не ја добив можноста да го направам тоа“ - додава среќната бабичка.
„Рошел, мислев дека се шегува со мене кога побара да ѝ бидам деверуша, но излезе дека не се шегувала“ - продолжува.
Го пробала фустанот кој бил специјално сошиен за неа и била пресреќна.
„Пред големиот ден решив да вежбам во црква за професионално да го изведам моето чекорење. Додека другите девојки се релаксираа на базен и пиеја коктели, јас вежбав“ - кажува таа.
Н. Г. | Црнобело