Девојка пропатувала 8.000 километри за да го запознае мажот со кој случајно се поврзала на Тиндер

Една девојка била очајна да го запознае човекот со кој се поврзала преку Tinder па решила да пропатува 8.047 километри околу светот за лично да го види, а за таа цел ја искористила целата своја заштеда.

devojka-propatuvala-8000-kilometri-za-da-go-zapoznae-mazot-koj-slucajno-se-povrzala-na-tinder-01.jpg

Вероника Долцелова која има 24 години и е од Прага, на Tinder се поврзала со 42-годишниот Американец Брајан Дејвис кој тогаш за одмор бил близу Прага.

Но, на Брајан му останале само неколку часа пред да мора да лета 12 часа со прекуокеански авион за Денвер и немал време да се види со Вероника.

Мислејќи дека никогаш нема да имаат можност лично да се запознаат, сепак продолжиле да разговараат на интернет.

devojka-propatuvala-8000-kilometri-za-da-go-zapoznae-mazot-koj-slucajno-se-povrzala-na-tinder-1.jpg

Три месеци подоцна, Вероника решила да ја собере целата своја заштеда и да отпатува за Америка за првпат лично да се запознаат.

„Цел океан не делеше, но почнавме заедно да го планираме моето патување. Татко ми беше гневен. Беше убеден дека Брајан не е реалност, дека е некој човек кој ќе се обиде да ме искористи“ - објаснува Вероника.

devojka-propatuvala-8000-kilometri-za-da-go-zapoznae-mazot-koj-slucajno-se-povrzala-na-tinder-2.jpg

„Сум слушала и читала за хорор приказни за луѓе кои решиле така да отпатуваат само за да се запознаат со својата интернет љубов“ - додава таа.

devojka-propatuvala-8000-kilometri-za-da-go-zapoznae-mazot-koj-slucajno-se-povrzala-na-tinder-3.jpg

„И неговите неа нервозни. Мислеле дека сум некоја непозната девојка која доаѓа само за зелен картон“ - продолжува.

devojka-propatuvala-8000-kilometri-za-da-go-zapoznae-mazot-koj-slucajno-se-povrzala-na-tinder-4.jpg

По само неколку дена од нејзиното слетување во Америка, сфатиле дека се како создадени еден за друг.

„Не можете да замислите колку сум среќна што решив да дојдам тука за да го запознаам Брајан. Животот целосно ми се измени“ - заклучува 24-годишната Вероника.

devojka-propatuvala-8000-kilometri-za-da-go-zapoznae-mazot-koj-slucajno-se-povrzala-na-tinder-5.jpg

devojka-propatuvala-8000-kilometri-za-da-go-zapoznae-mazot-koj-slucajno-se-povrzala-na-tinder-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg