Стан во Њујорк претворен во џунгла со 500 растенија
- Детали
- вторник, 23 август 2016
Самер Рејн Оукс живее во урбана џунгла во Њујорк, бидејќи одлучила во нејзиниот стан во Бруклин да стави 500 различни растенија, вклучувајќи билки, цвеќиња, овошје и зеленчук.
„Мислам дека единствениот начин да преживеам во Њујорк е да бидам опкружена во средина исполнета со растенија“ – вели таа.
И како што можете да видите, тоа и го направила.
Секоја соба во нејзиниот стан е преплавена со зеленило – нејзината спална соба има жива ограда поврзана со систем за наводнување.
Бањата наликува на дом за сукуленти, а прозорците се домаќини на неколку минијатурни стаклени градини што содржат растенија кои бараат повеќе светлина, како билките.
Таа дури има и цела зеленчукова градина во нејзиниот плакар!
Погледнете ги фотографиите од станот на оваа девојка и уверете се сами:
М. М. | Црнобело