Закажана е светската премиера на „The Fourth Phase“!
- Детали
- понеделник, 22 август 2016
Нетрпеливо очекуваниот филм за сноуборд на Тревис Рајс, „Четвртата фаза“ ги носи гледачите на амбициозно патување околу Северниот Пацифик. Глобална премиера е закажана за 2 октомври само на Red Bull TV, достапен од 3 октомври.
Санта Моника, Калифорнија – Креаторите на „The Art of FLIGHT“ („Уметноста на летот“), Red Bull Media House го претставуваат „The Fourth Phase“ (Четвртата фаза), филм кој раскажува приказна за авантуристичко патување околу Северниот Пацифик низ пејзажи кои можат само да се сонуваат, при што открива многу повеќе отколку само нови предели. Нетрпеливо очекуваниот филм ќе има глобална премиера на 2 октомври на Red Bull TV и ќе биде во продажба веќе од следниот ден.
- Механиката на функционирање на зимите отсекогаш ми ја разгорувала љупопитноста,- вели Рајс. - Создавањето на „Четвртата фаза“ спои неверојатна група сноубордери со најтрудољубивата и највредна продукциска екипа што е во игра, за од прв ред да бидеме сведоци на многуте расположенија на механизмот на бурата на Северниот Пацифик. Патувањето беше создадено под максимата дека „за да го запознаеш нештото и навистина да го разбереш – мораш да станеш тоа нешто.“
Стартуван во 2013 година и целосно сниман во 4К или повисока „Ултра ХД“ технологија, „Четвртата фаза“ отвора нов пат, користејќи уметничка мешавина на акција, приказна и филмска камера за да му даде живот на ова вчудоневидувачко дело. Резултатот е филм за секој оној што го фасцинираат можностите за авантура, на природниот свет – на животот.
- Ја водиме публиката на вистинско патување со сите негови подеми и падови,- вели Јон „ЈК“ Класкиевич, кој е режисер на филмот. - Во с`ржта на филмот, документиравме неверојатна сноуборд акција во најдалечните агли од земјата, но исто така раскажуваме и една емотивна човечка приказна.
Екипа од најинвентивните сноубординг возачи меѓу кои и Марк Ландвик, Ерик Џексон, Брајан Игучи, Пат Мур, Микел Бенг, Џереми Џонс, Виктор де Ле Руе, Бен Фергусон и други се пријавија за оваа епска мисија. Од недопрените предели на дивината на Вајоминг, преку Пацификот до Јапонските Алпи, Руските вулкани и спектакуларно далечни области на Алјаска, тимот се обврза да издржи сѐ на што може да се наиде, кога ќе се влезе во циклусот на природата.
На 2 октомври, во специјален, прв од ваков вид, глобален настан, „Четвртата фаза“ ќе има интернет премиера во 9 часот навечер (приспособено според локалното време низ целиот свет). Овој еднократен премиерен настан ќе биде бесплатен и може да се гледа на Red Bull TV или како апликација на уредите, без оглед каде се поврзани. Низ цел свет ќе се организираат забави за гледање на филмот, почнувајќи од големи арени и продавници за сноуборд, па до дневни соби и дворови.
Фановите ќе можат прв пат да го видат филмот во Лос Анџелес, Калифорнија, на 8 септември, кога ќе биде неговата премиера во „Шрајн Аудиториумот“, пред да тргне на тринеделна турнеја на прикажување низ кината во Канада, Австралија, Јапонија, Русија, Франција, Велика Британија, Австрија, Шпанија, Германија, Њујорк, Колорадо и Вајоминг.
- По речиси четири години продукција, возбудени сме да го споделиме овој филм со публиката низ целата земјина топка,- вели Скот Бредфилд, потпретседател на продукција во Red Bull Media House.
Red Bull Media House беше привлечена од инспиративните и мотивирачки звуци на мулти-инструменталистот и кантавтор Киши Баши, за време на потрагата по звук кој ќе ја поведе публиката на патување со кое ќе нурнат во природата низ филмот. Киши Баши и екипата соработуваа за музиката на „Четвртата фаза“ што кулминираше со снимање во живо во Red Bull Studios во Њујорк.
„Четвртата фаза“ е овозможена со чудесната поддршка од филмските партнери меѓу кои DC, GoPro, Quiksilver, Skullcandy и Toyota. „Четвртата фаза“ е првиот спортски филм кој е направен во Dolby Vision™ и Dolby Atmos®, при што овие две напредни технологии за слика и звук се комбинирани за да се создаде навистина спектакуларно доживување.
Посетете ја страницата TheFourthPhase.com и следете ги филмовите на Red Bull Media House на Фејсбук, Твитер, Јутуб и Инстаграм ако сакате да дознаете повеќе за „Четвртата фаза“.
Погледнете го промотивното видео:
Вклучете се во муабетот: #TheFourthPhase