Храбра тинејџерка која се бори со рак, позира без перика за да си ја подигне самодовербата

„Ракот нема да ме спречи да станам принцеза“ е ставот кој оваа тинејџерка сака да го сподели со светот.

inspirativna-tinekdzerka-koja-se-bori-so-rak-pozira-vo-prekrasni-fustani-bez-perika-001.jpg

Андреа Сиера Салазар има 17 години и, и покрај тоа што се бори со оваа тешка болест, се чини дека нема никаков проблем со самодовербата.

Во нејзината последна фотосесија можеме да ја видиме во прекрасни фустани и без перика на главата, сакајќи да ги поттикне луѓето да веруваат во себе и да не се предаваат.

Ракот кој се појавил на нејзиниот врат предизвикал таа да ја изгуби самодовербата, како што нејзината коса почнала да паѓа заради изложеноста на хемотерапиите.

Се обидела да носи различни перики но со ниедна не се чувствувала убаво и сигурно.

Фотосесијата со фотографот Герардо Гармендиа каде позира без перика ја натерла да сфати дека немањето коса не е нешто од кое треба да се срами, туку дека треба да биде горда на себе, бидејќи не секогаш надворешната убавина е таа која е најважна.

Нејзините фотографии се инспирација за многу луѓе низ светот кои се соочуваат со проблеми како нејзиниот.

Нејзината порака до сите низ глас, „Вашата коса или вашите физички атрибути не дефинираат кои сте вие – она што е навистина важно е вашата внатрешна убавина и начинот на кој се однесувате кон другите“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg