Во Лондон се отвора првиот нудистички бар под отворено небо (фото)
- Детали
- петок, 12 август 2016
Во Лондон, оваа недела, ќе се отвори првата нудистичка тераса која ги поттикнува посетителите да ја соблечат облеката и да се разладат додека уживаат со поглед кон целиот град.
Терасата се наоѓа на височина од 18 метри и е сместена во плоштадот на Собранието во Лондон, а нуди спектакуларна глетка кон некои од најголемите туристички атракции во градот како Биг Бен, Лондонското око и Вестминстерската опатија.
Посетителите ќе можат слободно да се сончаат голи под врелото сонце кое се очекува заедно со топлотниот бран, следната недела.
Па и да уживаат во некој коктел или освежителен пијалак од барот под отворено небо.
Би се соблекле?
Н. Г. | Црнобело