На Скијатос и авион може да ви слета над глава, ако сакате... (видео)
- Детали
- вторник, 09 август 2016
Грчкиот остров Скијатос е вистински рај за туристите, кој на сите посетители им нуди сонце, песок и лежерно уживање.
На прв поглед, би рекле дека никако не се поврзува со адреналинска забава која привлекува авантуристи...
Но, Скијатос нуди и таков тип на забава.
Всушност, на работ на тамошниот аеродром, секојдневно се собираат туристи за да видат одблиску како полетуваат И слетуваат авионите само неколку метри над нивните глави.
Причина за тоа е кратката писта која се наоѓа практично на работ на морето, па пилотите мораат внимателно да го темпираат своето слетување.
И покрај таблите за предупредување, туристите секојдневно доаѓаат тука за да ја погледнат оваа локална атракција:
Н. Г. | Црнобело