Сиднејската опера стана платно за сликање на 6 уметници (видео)
- Детали
- понеделник, 30 мај 2016
Сиднејската опера за првпат беше трансформирана во огромен канвас на 6 уметници како дек од фестивалот „Vivid light“.
Серијата на анимирани слики се наречени „Songlines“ и во себе содржат антички линии кои ја поврзуваат целата земја и староседелците.
Секое дело илустрира внатрешна и интимна поврзаност на земјата со Абориџините.
„Songlines се направени на основа на старите патишта кои ја поврзувале цела Австралија и биле користени од Абориџините илјадници години“ - вели Рода Робертс една од одговорните за проектот.
„Старите верувања на Абориџините велат дека сè на овој сет си има своја аура, вклучувајќи ги и луѓето, а наша цел беше да ги илустрираме тие верувања кои уште многу одамна ги поврзувале луѓето.“ - вели Џон Мундин, еден од уметниците.
Фестивалот трае од 27 мај до 18 јуни и секоја година има над 1.7 милиони посетители. Меѓу другото, прогласен е и за еден од најголемите фестивали на отворено во светот.
Н. Г. | Црнобело