Кажете „не“ на убавиот фустан на Фејсбук - Зошто не треба да купувате онлајн на сомнителни сајтови?
- Детали
- четврток, 07 април 2016
Ако сте жена, голема е веројатноста дека досега на Фејбук сте наишле барем на една реклама - прекрасен фустан или фантастична маичка, од интернет страна за која никогаш претходно не сте слушнале, само за $11,99 долари или некоја друга цена која ви се чини дека не смеете да ја пропуштите.
Интернет страната има Фејсбук фан страна со над милиони лајкови, нула или минимум жалби и поплаки, како и професионално ниво на графика со модели и славни личности како Кети Пери. Страната објавува постови на Фејсбук на неколку часа, а сите фотографии се неверојатно примамливи.
Но, мала е веројатноста, ако случајно нарачате нешто, да го добиете тоа што го ветува фотографијата. Постојат над милиони објави од жени кои решиле да нарачаат некое парче облека поради тие примамливи фотографии од имиња како: Zaful, SammyDress, DressLily, RoseGal, RoseWe, TideBuy, Choies и RomWe.
Додека интернет страните ви се чинат како мали неважни бизниси кои заработуваат многу малку, анализите покажуваат дека барем 8 од нив се поврзани со кинеската интернет компанија која во 2014-та година направи $200 милиони долари од продажба.
Поттикнати од украдени фотографии, агресивни реклами и фотографии од лажни сигуроносни сертификати од компании како PayPal и Norton Security овие страни редовно ги мамат потрошувачите да купат некое парче облека директно од Кина - и ретко кога барем малку наликува на она што сте го гледале на фотографиите.
Ако воопшто пристигне или кога конечно ќе стигне облеката која сте ја нарачале, истата е премала, не може ниту дете да ја облече, не е направена од материјалот кој е наведен, не соодветствува бојата која сте ја нарачале и многу често мириса на чудни хемикалии. Секако, речиси не постои веројатност дека ако сте незадоволни дека ќе можете да го вратите тоа што сте го нарачале и парите да ви бидат вратени.
Ова не е никаква новост за многумина, но овие компании и понатаму продолжуваат да работат, посебно преку Фејсбук кој е идеално место за таргетирање на жени кои гледаат да направат добра зделка.
Основната причина зошто ова продолжува да се случува е затоа што Фејсбук нема контрола над тоа дали ќе престане да пушта некоја реклама на основа на тоа колку жалби се појавиле за истата. Односно, рекламирањето на Фејсбук повеќе е концентрирано на употребата на зборови и фотографии, а не на одговорите на потрошувачите.
Барем осум од горенаведените Фејсбук страни како DressLily, RoseGal и RoseWe се поврзани со истата компанија која е сместена во Шенжен, Кина. Нејзиното име е „ShenZhen Global Egrow E-Commerce Co.“ или накратко „Global Egrow“.
Истата е-мејл адреса, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., се поврзува за Фејсбук страните кои ја рекламираат облеката.
Компанијата е основана во 2007-та година, а оттогаш брзо е проширена и има над 1.000 вработени. Според Forbes, основачот на компанијата Јанг Џијангсинг има околу $850 милиони долари на неговата сметка.
Голем успех за човек кој пред тоа имал улична тезга за продажба на чорапи и панталони, а сега се претставува како неколку одделни компании кои на крајот се поврзуваат со неговата.
Околу тоа дека крадат фотографии и ги лажат потрошувачите за изгледот на нивниот производ е доказ @MsBlingMiami која случајно добила коментар од фрустриран потрошувач.
Паскал Роу, сопственичката на овој Инстаграм профил потоа сфатила дека токму нејзината фотографија служи како реклама за производ на Фејсбук страната ModLily.
Истото важи и за RoseGal кои ја имаат украдено оваа фотографија:
По ова можеби ќе се запрашате зошто и понатаму гледам реклами на Фејсбук? А, одговорот е едноставен, Фејсбук ќе ви даде кратко објаснување, затоа што сте таргетирани од таа страна.
Н. Г. | Црнобело