Деца - духови на гробишта?
- Детали
- понеделник, 01 февруари 2010
Луѓето кои ја направиле оваа фотографија на гробиштата во Австралија, се колнат дека немало никакви деца, што го наметнува прашањето - кој...
... или што е ова на сликата?
Локалната легенда вели дека се работи за децата Дејвид Шоу и Бленш Мун кои починале во временски период од 60 години. Бленш починала 1886 година кога била удрена од кола додека си играла со другите деца, додека Дејвид бил син на свештеник кој во 1946 година починал од детска парализа.
Рене Енглих која ја снимила спорната фотографија тврди дека била скептична пред да го започне својот лов на духови.
"Стоевме на гробиштата и се смеевме на своја сметка колку е ова глупа идеја. Фотографирав без посебен концепт и не обрнував премногу внимание. Сигурна сум дека во тоа време на локалните гробишта немаше апсолутно никој. Но, кога дојдовме дома и ги погледнавме фотографиите, целата се наежив. Таа ноќ не можев да заспијам", се потсетува Рене.
Ловот на духови, како некој вид на туристичка атракција го започна локалната историчарка Лиз Винсет, која откако починала минатата година, нејзината работа ја превземале нејзиниот сопруг и ќерка.