Н1Х1 вештачка опасност?
- Детали
- понеделник, 01 февруари 2010
Светската здравствена организација (СЗО) вештачки ја зголемила опасноста од епидемијата на свинскиот грип и немала никакви здравствени...
... докази за прогласување на епидемија - изјавил претседателот на комисијата за здравство во Европскиот совет Волфганг Водарг.
Тој изјавил дека во моментот кога била прогласена пандемијата на грипот А Х1Н1 на масата во СЗО седеле и преставници на фарамцевтските компании кои најверојатно притискале за таков тип на одлука од страна на СЗО.
Според Водаргу, СЗО ја бранела својата одлука истакнувајќи дека сме имале среќа поради тоа што новиот грип не се претворил во нешто уште посериозно.
Тука, исто така било истакнато дека сеуште постои опасност за развивање на некој нов опасен вирус, но сепак во донесувањето на одлуките во иднина се препорачува следново:
Бидејќи политичарите не се разбираат многу во епидемиологија, повеќе да ги слушаат советите од експертите како на националните така и на меѓународните организации.