Бијонсе, Енрике, Џеј Ло и Елтон Џон на свадба на руски милијардер (видео)
- Детали
- понеделник, 28 март 2016
Рускиот милијардер Михаил Гуцериев се наоѓа на 16-то место на најбогатите луѓе во Русија и е сопственик на компанија за нафта позната како „Русњефт.“
Неговото богатство се проценува на 5,9 милијарди долари, така што сигурно не било проблем за венчавката на синот Саид да одвои дел од своето богатство и да им плати на ѕвезди како Џеј Ло, Елтон Џон, Бијонсе и Енрике да настапат за време на церемонијата.
Некои од странските медиуми шпекулираат дека Џеј Ло барала 5 милиони евра, додека настапот на Елтон Џон чинел 7 милиони евра.
Невестата, која има неполни 20 години, носела венчаница изработена по нарачка од дизајнерите на Ели Сааб, додека круната од дијаманти чинела 5 милиони евра.
Салата во која се одржала венчавката била украсена со милиони рози и билки со цел да се создаде ефект на градина како од бајките.
Покрај луксузното мени, вреди да се издвои дека невестинската торта била висока колку двајца просечни мажи.
М. Д. | Црнобело