Како еден човек си го вратил украдениот автомобил назад?
- Детали
- четврток, 28 јануари 2016
На Reddit корисникот mfiasco постојано му го краделе автомобилот, но наместо да падне во очај или да се разочара, тој решил да преземе мерки - напишал писмо до следниот човек кој ќе се обиде да му го украде автомобилот.
Наместо да се разочарува, mfiasco напишал порака до следниот крадец и ја оставил во автомобилот, надевајќи се дека кој и да го украде, ќе ја прочита пораката и ќе го врати автомобилот.
Набрзо потоа, автомобилот повторно му бил украден, но и вратен. Тој верува дека неговото писмо го разнежнило срцето на крадецот...
Еве што напишал:
„Здраво,
Ако го читаш ова, веројатно ми го крадеш автомобилот. Јас сум добра личност и со сигурност ќе ти понудев да те повозам, но очигледно тоа нема да се случи.
Би сакал да имам автомобил кој нема постојано да биде краден, но немам пари и ова е сè што можам да си овозможам. Очигледно ова повторно ми се случува.
Нема да имаш проблеми со тоа што ми го украде автомобилот, сè додека не си играш играчки или прегазиш пешак, туку ќе ја оставиш каде сакаш и ќе си продолжиш со својата работа. Никој нема да го истражува ова.
Барам мала услуга од тебе: не го оставај некаде каде ќе го собере пајак. Ако морам да платам уште една казна за мојата проклета Honda, ќе полудам. Затоа што навистина не можам да продолжам да плаќам казни. Ако имав пари, едноставно ќе си купев нов автомобил кој нема постојано да биде краден.
Те молам остави го некаде, во некое соседство... Во пликот има порака со моето име, некој ќе ја види и ќе ми се јави да дојдам да си го земам автомобилот. Нема полиција, нема прашања, нема ниту да бидам лут.
И двајцата добиваме: Јас не морам да пријавувам во полиција, да плаќам осигурување или казна, а ти не мора да се чувствуваш како идиот затоа што си го уништил месецот на некоја добра личност.
Постојат безброј безбедни места каде можеш да го оставиш овој автомобил. Повози се, земи го приборот за прва помош и остави го пред нечиј дом кога ќе ти досади.
Ти благодарам. Уживај во возењето.
П. С. Ако не ти пречи да направиш уште еден прекршок вечерва, фрли цигла низ некој од прозорците на Пајак службата од Ванкувер. Најлоши се. Ти благодарам. Имај убава вечер“.
Н. Г. | Црнобело