- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Дегустација на вино
- Детали
- среда, 23 декември 2009
За вљубениците на вино, Калифорниската винарија “Kendall-Jackson“ нуди сосема нова интересна услуга, која е чекор понапред од вообичаените...
...понуди на другите винарии.
Нивниот главен вино мајстор Randy Ullom, по цена од 30.000 долари (околу 20.500 евра), ќе помине 3 дена со секој мераклија на вино.
Во понудата е неограничено дегустирање на нивните вина, комплетна обука за вината и создавање односно правење идеално вино според вкусот, желбите и личноста на купувачот.
Потоа, нему ќе му биде испратена кутија со 12 шишиња од тоа вино со етикета која го носи неговото име.
Дел од цената на овој аранжман е наменет за добротворни цели.
Би било убаво и нашите винарии да организираат ваква акција со оглед на совршениот квалитет што нашите вина го имаат.