Google казнет 300.000 евра
- Детали
- вторник, 22 декември 2009
Парискиот суд го прогласи Google за виновен заради кршењето на авторските права на книгите кои веќе се објавени на популарниот интернет пребарувач.
Ваквата одлука на парискиот суд би можела негативно да влијае на планот на Google за дигитализација на книгите.
Интернет гигантот ќе мора да исплати казна од 300.000 евра заради нанесена штета на францускиот издавач La Martinier.
Ова е само еден од многубројните случаи во кои Google е обвинет заради дигитализација на книгите без експлицитно одобрување од извадачите.
Парискиот суд исто така му нареди на Google да исплаќа по 10.000 евра за секој ден до отстранувањето на книгите од неговата база.
Интернет гигантот изрази силно незадоволство од одлуката на парискиот суд.
„Француските љубители на книгите се соочуваат со закана од губење на пристап до знаењата и заостанување зад останатите корисници на Интернет“, вели гласноговорникот на компанијата.
Претседателот на синдикатот на француските издавачи, Serge Eyrolles, изјави дека е сосема задоволен од пресудата.
„Ова покажува дека сепак Google не е крал на светот и не може да прави сé што ќе посака“, вели Eyrolles.