Берлускони е најпопуларен
- Детали
- понеделник, 21 декември 2009
Популарноста на инталијанскиот премиер Силвио Берлускони повторно порасна и тоа повеќе од 50%, особено после неговиот напад, кој помеѓу мноштвото...
... италијани предизвика бран на симпатии, дури и помеѓу неговите неистомисленици - покажале резултатите од истражувањето на јавното мислење.
73 - годишниот Берлускони пред една недела во Милано беше нападнат од психички нестабилно лице, што резултираше со скршен нос и неколку скршени заби.
Според резултатите од истражувањето, популарноста на Берлускони пораснала на 55,9% , во однос на 48,6% колку што била пред тој да биде нападнат.
Особен пораст се забележува помеѓу младите избирачи и католичките верници. Она што е посебно интересно е фактот што популарноста порасна и меѓу избирачите на левиот центар - дури 17% од нив се изјасниле позитивно.
Политичарите од целиот свет со различна политичка определеност го осудија нападот врз Берлускони и му изразија солидарност на контраверзниот италијански премиер.