Насмевка - поважно од шминка
- Детали
- петок, 04 декември 2009
Најновото истражување покажа дека за мажите попривлечни се жените кои често се смеат бидејќи делуваат позабавни и отворни за комуникација.
Истражувањето покажа дека 70% од луѓето за попривлечни ги сметаат жените кои се смеат за разлика од оние кои се нашминкани.
Научниците во текот на истражувањето на испитаниците им покажувале фотографии од жени, при што дошле до заклучок дека шминката е сосема непотребна ако на усните имате искрена насмевка.
Повеќе од 60% од мажите кои учествувале во истражувањето изјавиле дека жените кои не се смеат ги сметаат за злобни и незадоволни.
Жените без насмевка не добиле добра оценка ниту од својот пол. Имено, 2/3 од жените сметаат дека оние кои не се смеат се незаинтересирани.
Во текот на истражувањето секоја жена е фотографирана два пати, еднаш со шминка и втор пат без шминка, но со насмевка.
При тоа испитаниците потврдиле дека насмевката ги прави жените попривлечни и позабавни.
Испитаниците најчесто насмевката ја врзувале со отвореноста за комуникација, а истовремено моментално развивале чувство на поврзаност со жените кои се смеат.
Насмевката не прави да изгледамe помлади и попривлечни, заклучуваат научниците.