Најекстравагантното откривање на пол на бебе – 2.000 балони, 3 авиони кои пуштаат боја и конфети (фото+видео)

Повеќе од 2.000 балони во сина и розова боја, огромни букви кои означуваат „девојче“ и „момче“ и 3 авиони кои по неколку кружења ја испуштија бојата која го симболизира полот на бебето - погледнете го најспектакуларно откривање на пол на бебе на пар од Литванија. 

najekstravagantnoto-otkrivanje-na-pol-na-bebe-2-000-baloni-3-avioni-koi-pushtaat-boja-i-konfeti-foto-video-01.jpg

Пар од Литванија во март 2024 го имаше најекстравагантното откривање на пол на бебе кое некогаш сме го виделе, а на крајот од месецот се роди нивното прво бебе.

На голема ширина во природа, беа поставени огромни букви кои ги испишуваа зборовите „девојче“ и „момче“, а беа украсени со преку 2.000 балони во розова, сина и бела боја.

Парот стоеше во средина помеѓу розовите и сините балони, а над нив летаа три авиони од кои по кратко кружење, беше испуштена сина боја и пукнаа прскалки и конфети во сина боја околу нив.  

Мајката, која е инфлуенсерка, беше облечена во бел фустан со голем број 3D рози во горниот дел, за кои биле искористени преку 8 метри материјал при изработката на истиот.

„Чекав трпеливо и сакав сè да биде совршено и незаборавно, затоа што е момент што ќе ми остане спомен за цел живот. Белите рози не беа одбрани случајно – тие означуваат сила, љубов, невиност и нов почеток. Па за доаѓањето на дете на овој свет, се одлучивме за таа симболика“.

Откако помина откривањето на полот, таа напиша благодарност до сите кои биле задолжени за нејзината идеја која првично изгледала невозможно, а реализацијата ги воодушевила сите присутни.

Видеото стана вирално и има повеќе од 25 милиони прегледи - погледнете го:

Погледнете повеќе фотографии:

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg