За нивната свадба платиле непознати

Млад пар три години штедел за домот и свадба од соништата, но морале да се откажат од своите планови, бидејќи откриле дека младоженецот има рак во терминален стадиум. Сепак имале можност да си ја остварат свадбата од соништата благодарение на добрината на луѓето ширум светот.

ja-dobile-svadbata-od-sonishtata-blagodarenie-na-dobrinata-na-lugjeto-shirum-svetot-001.jpg

35-годишните Лаура и Стивен Монкс со помош на добротворни цели кои им ги овозможиле цвеќињата, тортата и фустанот ја одржале својата свадба.

Овој пар од Манчестер се верил во 2013-та година само 3 месеци откако ја добиле нивната ќерка Лидија и започнале да се подготвуваат за нивната свадба и да штедат за куќа, но морале да ја откажат откако откриле дека Стивен има рак на црниот дроб и дебелото црево.

„Сакавме да заштедиме за мала куќа како колипка. Удобен простор кој ќе можеме да го викаме наш заеднички дом. Сакавме да се венчаме, но сè се промени откако ја добивме дијагнозата на Стивен“ – вели Лаура.

„Потрошивме години на штедење. Поминавме само еден заеднички одмор со ќерката, а би сакале да имаме повеќе заеднички среќни минути,“ – додава таа.

Од една сестра слушнале за донации под името „Gift of a Wedding “ која бара од бизниси и членови на јавноста да донираат работи како свадбени торти, фустани, шминка и се друго што е потребно за една свадба.

Така ја добиле својата свадба од соништата.

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg