Проколната куќа во Чешка
- Детали
- петок, 06 ноември 2009
Чешката јавност со посебно внимание ги следи паранормалните појави кои се случуваат во една куќа на местото Страшице. Имено, во таа куќа...
... се започнало пред еден месец, кога без причина се исклучил главниот прекинувач за струја.
Оттогаш во тој селски дом спонтано се палат штекерите и електричните апарати, пукаат светилките и стаклените предмети и доаѓа до самозапалување на различни нешта, а никој од тамошните стрчњаци не може да го објасни овој феномен.
Многумина сметаат дека за паранормалните појави одговорен е синот чии родители живеат во таа куќа, но ништо од тоа не е докажано, пренесуваат медиумите.
Се верува дека детето има способност на палење на нештата на потсвесна база, а тамошниот стручњак за паранормални појави - Јитка Ленкова, тврди дека самозапалувањата можеби се предизвикани од психолошка енергија, не ја исклучила ни можноста дека некој едноставно сака да ја измами јавноста.
Може ли е постоењето на духови воопшто да се открие?
Некои од стручњаците на тоа прашање тврдат дека присуството на духови може да се идентификува или измери со падот на температурата во просторијата.
Во веќе споменатата куќа, чудни и необјаснливи работи продолжуваат да се случуваат. Мистеријата и понатаму останува комплетно непозната за стручњаците, семејството и за тамошните жители.