Диеталните пијалоци се штетни
- Детали
- вторник, 03 ноември 2009
Познато е дека премногу газирани пијалоци го зголемуваат ризикот од гојазност, но најновите истражувања предупредуваат на тоа дека постои...
...и ризик за здравјето на бубрезите. Истражувањето спроведено на 3.000 жени открило дека 2 или повеќе вештачки засладени пијалоци на ден, го зголемуваат ризикот од заболување на бубрезите за два пати.
“Моментално имаме само лимитирани податоци за улогата на исхраната врз болестите на бубрезите. Иако ќе ни бидат потребни уште истражувања, оние кои ги спроведовме до сега покажаа дека диеталните газирани пијалоци влијаат врз намалување на функцијата на бубрезите“ вели др. Џули Лин од Женската болница во Бостон.
Сите испитаници биле жени па за сега не е потврдено дали истите резултати би се добиле и кај мажите.
Инаку, првите знаци за оштетување на бубрезите се мачнина, губење на апетит, слабост и поспаност.
За да се заштитите треба во целост да го исфрлите алкохолот, да намалите со количините кафе, и да го замените шеќерот со мед.
Американското здружание за пијалоци тврди дека две главни причини за хронично заболување на бубрезите се дијабетесот и високиот крвен притисок, а не конзумацијата на диетални газирани пијалоци.