"Момент на вистината" на суд
- Детали
- петок, 30 октомври 2009
Телевизија Пинк заврши на суд поради тамошната емисија "Trenutak istine", која е емитувана на 7ми октомври. Во таа епизода, водителката Татјана...
... Војтеховски на натпреварувачката Јулки Митровиќ и постави едно малку поинакво прашање:" дали доживеа оргазам за време на сексуалниот однос со својот татко".
На ова прашање, Јулка даде потврден одговор. По тој повод, советот на РРА одржа состанок на кој е одлучено да се спроведе прекршочна пријава наменета за телевизија Пинк.
Советот на Републичката радио-дифузна агенција смета дека телевизија Пинк со емитување на емисијата "Trenutak istine" на 7-ми октомври 2009 година, го прекршила законот за радио-дифузија.
Поради тоа Советот РРА издал опомена кон оваа телевизија и барање за покревање на прекршочна постапка против Пинк телевизија поради прикажувањето на емисијата "Момент на вистината".