ХИВ вирусот се шири во Европа
- Детали
- четврток, 22 октомври 2009
Шведската асоцијација Health Consumer Powerhouse спроведе истражување кое се покажа дека бројот на луѓе заразени со ХИВ вирусот е...
... во пораст, како и бројот на ризичен и незаштитен секс.
Во 2007 година бројот на луѓето заразени со ХИВ во Европа изнесуваше околу 800.000, што е за 8% повеќе во споредба со 2006 година.
Беатрис Кабол, раководител на HCP Истражувањата, меѓу другото, наведе дека во се поголем број земји буџетот за борба против сидата е значително намален како што и контролата за сексуалните односни во затворите во Европа е се полоша.
За разлика од шефот на истражувањето, претседателот на HCP Јохан Хјертиквис тврди дека ниту една влада, како да не го знае точниот број на државјаните кои се заразени со вирусот ХИВ, а уште многу може да се направи во борбата против сидата.
За крај не заборавајте, заштитете се пред секој сексуален однос - користете кондом!