Кои се згодни политичари?
- Детали
- четврток, 15 октомври 2009
Украинската премиерка Yulia Tymoshenko е прогласена за најзгодна лидерка во светот, според организацијата Hottest Heads of State.
Класификацијата вклучува 172 светски лидери: претседатели, премиери, монарси па дури и папата.
Норвешкиот премиер Jens Stoltenberg го зазеде второто место. На третото место се најде кралот на Бутан, Jigme Wangchuck Khesar Namgael.
Понатаму во листата следувале: претседателот на Конго- Joseph Kabila, претседателот на Аргентина-Cristina Kirchner, претседателот на Еквадор Rafael Correa, Henry Duke од Луксембург, Филипинскиот претседетел Gloria Arroyo.
Во првата десетката влезе и претставник на Балканот- албанскиот претседател Bamir Topi. Обама се нашол на 15-тото место, а рускиот претседател Vladimir Putin на 18-то место.
Францускиот претседател Nicolas Sarkozy е на 28-то место, а Silvio Berlisconi e на 68-то место.