4 милјарди СМС на ден
- Детали
- среда, 14 октомври 2009
Истражувањето за здружението CTIA (Cellular Telephone Industries Association) открило дека пазарот на мобилни услуги во САД постојано е во пораст.
Во првата половина на оваа година приходите од овие услуги изнесувале $19,4 милијарди долари, што е за 31% повеќе од истиот период минатата година.
Иако светот пред 2 години беше вчудоневиден од фактот дека во САД се испраќаат 1 милјарда пораки дневно, денес тој број се зголеми на дури 4 милјарди СМС пораки на ден.
Во првата половина на годината пратени се вкупно 740 милијарди СМС пораки.
Расте и популарноста на ММС пораките од 4,7 милјарди во првата половина од минатата година до 10,3 милјарди за истиот период оваа година.
„Мобилните телефони се неразделен дел од секојдневниот живот на Американците.“ - изјавил Стив Ларгент, претседател на CTIA (Cellular Telephone Industries Association).