Факултетите ќе изумрат?
- Детали
- петок, 09 октомври 2009
Сметате ли дека наскоро на место пишување семинарски трудови, одење на предавања и целокупниот досегашен начин на студирање може да биде заменет...
...со он-лајн предавања, дигитални книги и лекции во mp3 формат?
Можеби сте во право. На праг е можеби новата формула на едукација. Како што напредува технологијата, луѓето како Давид Вили (Brigham Young University) сметаат дека сегашниот начин на студирање до 2020 година ќе биде минато.
Некои од причините за ова се на пример зошто да плаќаме за скапите и досадни предавања кога ист ефект може да се оствари со слушање на лекциите на iPod. Зошто да купуваме книги кога на Интернет има безброј материјали?
Многумина сметаат дека ова е блиска реалност. Факт е дека информациите кои се добиваат на факултетите можат да се добијат на друго место бесплатно.
Од друга страна пак, само достапноста на информациите не е она што го прави студентот добар. Факултетите нудат многу повеќе од информација.
Не мора комплетно да се менува, но структурата и пристапот на факултетското образование ќе мора да се прилагодат на информациското доба.
Можеби дел од предавањата да се одвиваат он-лајн. Најдобрите факултети ќе ја воведат дигиталната технологија во студирањето.
Снимените предавања нема во потполност да го заменат предавањето на професорот во живо, но секако ќе помогнат во учењето.
Иако он-лајн дипломите со тек на време можеби ќе ги заменат сегашните, прашање е колку е навистина реално дека ова ќе се случи?
Едукацијата е резултат на учење и согледување на работите од различна перспектива, а технологијата тоа не го овозможува. Барем не за сега...
Погледнете го краткото видео и дознајте повеќе: