Силувач пренесувал ХИВ
- Детали
- среда, 07 октомври 2009
Сериски злоставувач на девојки во соседна Србија кој брутално ги напаѓал и силувал истовремено им пренел и ХИВ. Една од девојките изјавува:...
“Ме нападна пролетоска на влезот од мојата зграда. Ми го уништи животот“ - вели девојката. Српското Министерство за внатрешни работи претпоставува дека се работи за маж кој бил уапсен на почетокот на летото.
“Го следевме две недели. Девојките ги пресретнувал помеѓу 3 и 4 часот. Страшно ги претепувал па ги силувал. На една жена и ја скршил вилицата бидејќи не сакала да го задоволи орално“ - велат од полицијата.
Тие немаат податоци дали останатите жртви се и официјално заразени со ХИВ, единствено потврдено е за последната жртва.