Хакнати 10.000 Hotmail акаунти
- Детали
- вторник, 06 октомври 2009
Хакери успеале да пробијат илјадници кориснички адреси на Hotmail и ги објавиле нивните податоци.
Повредена е приватноста на...
...околу 10.000 корисници. Најголем дел се од Европа и експертите ги советуваат корисниците заради бесбедност да си ги променат лозинките.
Од Microsoft информираат дека се запознати со случајот и дека спроведена е истрага за инцидентот, пренесува BBC.
Адресите на корисниците биле хакнати и податоците биле собрани во голема фишинг акција.
Фишингот вклучува користење на лажни интернет страници кои ги наведуваат луѓето да ги откријат приватните податоци како што се банкарски сметки, кориснички имиња, лозинки и сл.
Neowin тврди дека податоците биле објавени на 1-ви октомври на страницата pastebin.com. Но, во меѓувреме биле отстранети, а од блогот Neowin тврдат дека виделе листа со околу 10.000 имиња кои почнуваат на буквите А и Б.
“Можеме да потврдиме дека објавените акаунти се исправни и дека најголем број од нив се од Европа“ - вели Том Ворен еден од администраторите во Neowin.
Сега за сега изгледа дека се објавени само податоци за пристап до Microsoft Windows Live Hotmail со екстензиите @hotmail.com, @msn.com и @live.com.
Крајна препорака е сите корисници да си ги променат лозинките.