Дизајнерска Coca-Cola
- Детали
- недела, 27 септември 2009
Секоја сезона, најомилениот светски пијалок, Coca Cola, на пазарот се појавува во специјални изданија, а овој пат за новиот изглед на шишето, односно етикетите...
...биле задолжени италијанските топ дизајнери.
Овој пат Coca-Cola се решија за Милано - светската модна и шопинг престолнина, каде американската Diet и европската Light верзија на Coca-Cola добија престижен дизајнерски потпис.
Moschino, Angela Missoni, Donatella Versace, Alberta Ferreti, Marni, Fendi, Etro i Blumarine дизајнот на етикетите го изработиле врз основа на заштитните знакови на своите брендови како што се на пример - главата од медуза кога е во прашање Versace или пак препознатливото Fendi лого.
Оваа ексклузивна лимитирана серија на Coca Cola, во продажба е пуштена овие денови, а целиот профит од продажбата ќе оди во добротворни цели и тоа за помош во италијанскиот регион Abruzzo кој минатат година беше погоден од силен земјотрес.