Комши, како фармата?
- Детали
- петок, 04 септември 2009
Доколку треба да погодите која е најпопуларна апликација на Фејсбук, кои се шансите првото што ќе помислите да има врска со овошје, зелечук и крави?
Која е најпопуларната апликација на Фејсбук? - Фармвил.
За оние кои не се во тек (се сомневам дека постојат) FarmVille е игра која ви овозможува да „одгледувате овошје, зеленчук, како и прекрасни животни“ на вашата виртуелна фарма.
Со близу 35 милиони месечни корисници и 12 милиони дневни корисници, FarmVille прерасна во најпопуларната апликација на Facebook која некогаш била направена.
Кога ќе ја надмине бројката од 35,554,755 активни месечни корисници, ќе го помине рекордот поставен од How Well Do You Know Me? апликацијата.
Според Facebook, во моментот има над 72 милиони фармери кумулативно на сите апликации за „фармирање“, но FarmVille е убедливо над сите.
Инаку, FarmVille е производ на компанијата Zynga, која заедно со сите останати свои производи има околу 100 милиони корисници месечно, што значи дека „држи“ околу 35% од империјата на Facebook.
И, фармери...како фармата?