Крадат слики од Facebook
- Детали
- среда, 02 септември 2009
Сопругот на блогерката Шерил Смит пронашол слики од својата жена на оглас за услуги за пронаѓање на партнер. Во последно време се почесто...
...слики се наоѓаат и на реклами.
Корисниците сметаат дека Facebook почнува да ги крши правата на приватност и започале жестоко да протестираат.
Шерил Смит е една од првите која открила дека нејзините фотографии се користат во огласи за пронаоѓање партнер.
Вашето лице може да се појави и на реклами за IQ квиз или за услуги за пронаоѓање партнер користејќи ги SocialReach и SocialHour.
Facebook ги блокираше овие кампањи и службено изјави дека за користење на овие слики мора да се бара дозвола за користење од сопственикот.
Се случува маркетинг агенции да превземаат слики без дозвола.
“Ја најдов својата слика на страница кога решавав IQ тест, но што можам да направам?“ - вели еден корисник на Facebook.
Било која трета страна која може да пристапи до нечии лични податоци, има можност да ги користи фотографиите без да бара дозвола.
За да го избегнете овој ризик, кликнете на “апликации“ во долниот лев агол на Facebook страницата и отстранете ги сите апликации кои не ги користите, а најпаметно би ви било да ги отстраните сите.