Бизарно: Девојка од Индија се венчала со куче (фото)
- Детали
- четврток, 04 септември 2014
18-годишната Мангли Мунда од едно село во источна Индија наводно открила дека на неа била фрлена клетва. За да се ослободи од неа, направила нешто неверојатно бизарно.
Повозрасните луѓе вклучувајќи ги и нејзините родители сметале дека лошите сили на Мангли ќе и донесат несреќа, па според тоа верување, судбината и подготвувала брак кој ќе внесе конфликти во семејството.
За да ја избегне несреќата, Мангли се омажила со напуштено куче. На овој начин, според локалните верувања, несреќата ќе премине од девојката на кучето.
Кучето е пронајдено од страна на таткото на девојчето, а на венчавката стигнало со личен шофер.
На церемонијата присуствувале 70 гости од селото, кое го прославиле ова поинакво венчавање.
Невестата не е воодушевена од овој гест, но се надева дека остатокот на животот ќе може да го помине среќна.
- Постарите луѓе веруваат дека по ова нема да бидам несреќна. Човекот за кој ќе се омажам по ова, ќе живее долго, вели невестата, а нејзиниот татко додава дека лошите духови може да се избркаат само со мажење за куче.