„Првиот секс со мојот 30 години постар сопруг беше застрашувачки, но во бракот со него сум пресреќна“
- Детали
- сабота, 14 октомври 2023
„Навистина бев вознемирена кога јас и Мајкл за првпат спиевме заедно. Ми требаше време да се навикнам“ – вели eдна жена од САД, која е 27 години помлада од нејзиниот сопруг. Вели дека често луѓето мислат дека тој ѝ е татко, а дедо на нејзиното дете, но таа е пресреќна во бракот со него.
Сѐ поголем е бројот на парови кај кои има голема разлика во години и кои јавно зборуваат за своите врски и се обидуваат да ги нормализираат таквите врски.
Таква е приказната е и на Гречен Дилон (36) од САД, која го запознала сопругот Мајкл (63) во 2014-та година, а 4 години подоцна во 2018-та година стапиле во брак.
Тие сосема случајно се сретнале на бензинска пумпа, а потоа често „налетувале“ еден на друг низ предградието на Њујорк, кадешто живееле.
Мајкл, кој е 2 години повозрасен од мајката на Гречен ѝ понудил сместување и работа за да му помогне заедно да го држат неговиот Airbnb, по што нивната романса почнала брзо да е развива.
Гречен претходно била во повеќе врски, а кога го запознала Мајкл, веднаш почувствувала огромна привлечност кон него, но како што вели првото сексуално искуство со него, било ужасно.
„Навистина бев вознемирена кога јас и Мајкл за првпат спиевме заедно затоа што не верував дека сакам да бидам со толку повозрасен маж.
Ми требаше време да се навикнам, а денес сум пресреќна“ – вели таа.
Гречен вели дека денес често се соочуваат со критики од луѓето кои сметаат дека Мајкл ѝ е дедо, па дури признава дека и другарка ѝ ја убедувала да се откаже од љубовта затоа што прерано ќе стане вдовица, но тие двајца сепак одлучиле да останат заедно.
Мајкл двапати ја запросил Гречен. Во 2017-та година на Денот на благодарноста тој клекнал на едно колено пред целото негово семејство и таа му рекла: „не“, а неколку месеци повторно додека биле на Флорида повторно ја побарал за жена по што таа прифатила.
Парот стапил во брак набрзо потоа, а во февруари 2018-та година одлучиле да добијат дете.
Во октомври 2021-ва година тие го добиле бебето Шенон.
Мајкл се пожали дека најголемиот проблем со бебето е тоа што Шенон честопати од градинка носи дома вируси и настинки, па таткото чијшто имунитет е опаднат заради годините, најчесто ги прележува сите болести заедно со синот.
Гречен, пак вели дека годините воопшто не играат улога во нивните животи.
„Се чувствувам како јас да сум повозрасна во врската, а Мајкл е помлад. Јас сум таа што вика да ја намали музиката.
На секоја жена ќе ѝ порачам дека животот е премногу краток за да не бидете среќни. Кога нешто сметате дека е вистинско за вас – борете се за него“ – порачува таа.
Б. С. Б. | Црнобело