Facebook вработува!
- Детали
- вторник, 25 август 2009
Facebook до крајот на годината ќе го зголеми бројот на вработени за дури 50%, а со оглед на глобалната рецесија и вишокот на работна сила на пазарот...
...нема да биде проблем во одбирањето на работници.
- Никој друг не вработува, што нас, со оглед на вишокот на работна сила на пазарот, претставува одлична клима за одбирање на нови квалитетни инженери за нашиот тим, изјави помеѓу останатото соосновачот и извршниот директор на Facebook Марк Зукерберг во својот разговор за Bloomberg.
Најпопуларната друштвена мрежа на светот моментално во својот тим има околу 1000 вработени, а до крајот на оваа година таа бројка планираат да ја зголемат за околу 50%.
Како што наведува Bloomberg, Facebook сепак нешто побавно ја зголемува својата работна сила, доколку се спореди овој онлајн сервис со другите успешни компании.
Google, на пример, до 2005, три години со ред го удвојуваше бројот на работници.
Бројот на корисници на Facebook моментално се движи околу 250 милиони.