Порно компании пред тужба
- Детали
- петок, 21 август 2009
Фондација за лечење сида се подготвува да поднесе тужба против 16 компании кои се занимаваат со снимање на порнографски филмови. За нив се...
...спорни секс сцените кои се снимени без заштита, велат агенциите.
Фондацијата смеда дека прикажувањето незаштитен секс во филмовите поттикнува неодговорно однесување помеѓу луѓето. Тужбата се однесува на порнофилмови кои веќе се издадени на ДВД.
Минатиот месец фондацијата пред судот во Лос Анџелес подигнала уште една тужба против порно индустријата заради “нарушување на јавното здравје“ и ширење ХИВ.
Поводот за тужбата бил случајот на ХИВ позитивна глумица и уште 16 необјавени вакви случаи од 2004-та до денес.
Калифорниските власти и понатаму ја истражуваат клиниката која ги тестира порно глумците и издава сертификати на кои пишува дека тие се здрави.
Помеѓу тестирани 1.884 порно глумци во Лос Анџелес дијагностицирани се 2.800 сексуално преносливи болести. Многу од нив имале и по неколку истовремено.
Меѓу компаниите кои подлежат на тужбата се и познатите Hustler Video и Maverick Entertainment.