Дубаи: не! за Сексот и Градот
- Детали
- недела, 09 август 2009
Властите во Дубаи му препорачале на локалното филмско студио да одбере друга локација за снимање на последните сцени за филмот Сексот и Градот.
Сценариото на овој фил не било прифатливо за властите во Дубаи. "Dubai studio City", кој сака да привлече многу холивудски компании да дојдат и да снимаат во овој град, им соопштило на екипата која го снима Сексот и Градот дека е одбиена на препорака од градските власти.
Сценариото на филмот кое е инспирирано од култната телевизиска серија во која главната улога ја игра Сара Џесика Паркер им е предаден на надлежните органи кои го ангажирале, и најпрвин го прифатиле предлогот за снимање во Дубаи но подоцна биле одбиени со образложение дека е неприфатлив во контекст на мултикултурното друштво во емиратите.
Инаку првиот фим на Сексот и Градот бил забранет во Емиратите и во многу други муслимански земји. Иако скоро и редовно е дека во Дубаи во сите странски филмови во кои постои експлицитни секс сцени тие се цензурираат. Дубаи има мнозинство од странско население кое го сочинуваат дури 80% од популацијата.