Туристи шират ХИВ вирус
- Детали
- недела, 26 јули 2009
Неодговорните туристи кој преку летните сексуални врски не користат заштита, се главни преносители на ХИВ вирусот низ Европа, покажува истражувањето.
Дурексовиот билтен, кој за цел има подигање на нивото на свеста за ХИВ, сида и други сексуални преносливи болести, објавил резултати од кој се согледува дека од сите европски земји соседна Србија најповеќе го шири вирусот низ другите европски земји отколку што го “увезува“ во самата земја.
Ова истражување покажало дека европски земји во кој најмногу се шири вирусот, а воедно и најпосетувани летни туристички дестинации се Грција, Португалија и Шпанија.
Туристите кој најчесто преку летниот период ги посетуваат овие земји, поради незаштитен сексуален однос, во својата земја освен спомените од летниот одмор го носат и овој опасен вирус, кој и понатаму се пренесува.
Вирусот најчесто се пренесува во Австрија, Белгија, Данска, Германија и Луксембург.
Затоа внимателно на одмор и користете заштита!