1/6 од луѓето гладуваат
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2009
Ситуацијата никогаш не била пострашна кога се работи за гладните на планетава. Додека од една страна се бориме со епидемијата на дебелеење и...
... сме опседнати со тоа како да го отстраниме целулитот, моментално е забележан најголем процент на неухранети и гладни во светот.
Генералниот директор на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство при ОН) Jacques Diouf на конференцијата за новости во седиштето на ФАО во Рим ја објавил информацијата за “историски најголемиот број“ кој изнесува повеќе од една милијарда луѓе ширум светот кои не добиваат доволно храна.
Меѓународната финансиска криза дополнително ја влоши ситуацијата, гладните остануваат гладни, а сеуште не постои идеа како би им се помагнало на овие луѓе.
“Една шестина од луѓето или 1.02 милијарди луѓе гладуваат или не се доволно нахранети“ вели Диуф, предвидувајќи дека во иднина, односно крајот на 2009, оваа бројка ке доживее 11% раст на истиот овој проблем.