Кој сака да биде Барби?
- Детали
- вторник, 09 јуни 2009
Ако како мали сте си играле со барбики, сега можете и да се претворите во една. И тоа без пластични операции, само ако го посетите Palms Resort...
... во Лас Вегас. Апартманот откриен минатата недела е дел од големата (и долга) прослава на 50 роденден на најпознатата кукла.
Ентериерот секако е розов, собата е полна со слики од Барби, а има и џакузи и камин. Се` што треба да донесете е сопствен Кен.
Инаку, во Palms Resort ќе најдете и многу други тематски апартмани како оние посветени на кошаркарски тимови или пак, на Хју Хефнер, кои често се користат како сетови за реални шоуа.
А, да станете Барби за една ноќ ќе ве чини 4000 долари!
Јубилејот на Барби се славеше на најразлични начини, вклучувајќи учество на модни недели, па дури и соработка со Fiat кои прифатија да се обојат розово.