Facebook доби руски пари
- Детали
- четврток, 28 мај 2009
Во 2007 година вредноста на Facebook беше проценета на 15 милијарди долари, а денес е „само“ 10 милијарди. Но дури и во кризни ситуации како...
...тековната рецесија популарниот социјален сајт доби помош во износ од 200 милиони долари и тоа од инвеститорска група од Русија.
Digital Sky Technologies имаат акции и во најголемите руски портали и социјални мрежи, а најавија откуп на уште 100 милиони долари вредни акции од сегашните и бившите вработени на Facebook.
Инаку, Facebook има над 200 милиони регистрирани корисници, од кои дури 70% се надвор од САД. Во тек се обиди за ширење на рекламите и продажбата преку Facebook токму за неамериканската публика која може да донесе огромен профит.
Според основачот Mark Zuckerberg руската помошна инвестиција не налага Facebook да достигне прилив на средства во 2010 година. Сепак, според сите пресметки Facebook, кој има над 850 вработени, го очекува заработка од 500 милиони долари во 2009 година.