Брич и вибратор во едно
- Детали
- вторник, 19 мај 2009
Розе бричот за жени на прв поглед изгледа сосема обично, но всушност е еден од производите 2 во 1. Откако е лансиран на пазарите на почетокот...
... на годината, ’Linge razor’ предизвика вистинско возбудување меѓу жените.
Ова направа ја смислила 38-доишната Тами Робертс, работна жена и мајка која кажува дека инспирацијата за овој производ била сопствената потреба за малку забава:
"Јас како и многу жени сакам да имам малку интимна забава, но се ужаснувам од помислата дека моето дете би можело да ја најде играчката, која е наменета за возрасни.
Многу компании денес произведуваат бричеви со жилети кои вибрираат, поради подоброто чуство за време на бричење на влакната по телото.
Нашите бричеви сепак вибрираат на многу попријатен начин", додава иновативната жена чии производ чини околу 70 евра и може да се нарача на интернет.
На видео снимката најубаво е објаснета намената на овој производ, кој се верува дека ќе предизвика огромен интерес кај жените, и се очекува да се постигне огромна продажба.
Жените навистина ќе ја добијат својата мала интимна забава, без никој да знае и да се сомнева!