Маите се побунија: Не ширете лаги за крајот на светот!

Народот на Маите во Гватемала ги обвини владата и туристичите организации за ширење на митот за крајот на светот од чиста мира.

maite-se-pobunija-ne-sirete-lagi-za-krajot-na-svetot

„Креваме глас против лагите и превртувањето на вистината, како и против претворање на нашиот фолклор во извор на профит“ – изјавил Фелипе Гомес, претседател на здружението на Маите.

Тој наведува дека постојано се шират невистини за временските циклуси на Маите, алудирајќи на многубројните документарци во кои се промовира крајот на светот според календарот на Маите, на 21 декември 2012.

Министерството за култура на Гватемала на овој ден ќе организира манифестација на која се очекуваат да се појават 90.000 луѓе во чест на овој настан.

Претставниците на Маите се обратиле до туристичките претставници да ја откажат оваа прослава која ја навредува мајанската култура. Експертите наведуваат дека она што завршува за Маите на 21 декември е само еден календарски циклус, но тоа не значи дека ќе биде крај на светот.

Новиот циклус „означува почеток на големи промени на личен и фамилијарен план како и на ниво на заедница, со цел помеѓу луѓето и природата да настапи соединување и рамнотежа“ – се наведува во соопштението на здружението на Маите.

Повеќе од половина од 15 милиони жители на Гватемала се со мајанско потекло.

Мајанскиот календар почнува 3114 година п.н.е и го дели времето на периоди од околу 400 години, познати како бактуни. Маите избројале 13 бактуни од кои последниот се завршува на 21 декември 2012.

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg