Кучето кое му го променило животот на болно детенце (видео)
- Детали
- четврток, 25 октомври 2012
Овен Хокинс (7) и неговиот верен пријател, кутрето Хачи, станаа неразделни откако кучето му помогнало да ги надмине сите стравови.
Детенцето има ретко генетско пореметување и со години не смеело да излезе од дома. Но, анадолскиот овчар Хачи, му дал нова верба во животот.
Она што во целата оваа приказна ќе ве допре уште повеќе е тоа што и Хачи има тажна приказна. Некој го врзал за шини и откако го удрил воз, останал без една нога. Таткото на Овен бил оној кој го посвоил.
„Овен е неверојатно многу поврзан со Хачи. Тие се неразделни.“ – изјавил таткото Вил (33).
Хачи неодамна го завршил тренингот за кучиња терапевти, па ќе почне да ги посетува и војниците кои имаат ампутирани нозе како и деца со неизлечливи болести.
Исто така бил и награден од Меѓународна фондација како „Животно на годината“.