Баумгартнер успешно скокна од работ на вселената
- Детали
- понеделник, 15 октомври 2012
Австриецот Феликс Баумгартнер влезе во историјата на човештвото откако скокна од работ на вселената.
Баумгартнер, скокна во 20:06 часот по средно европско време од височина од 39.068 метри, а не како што претходно беше планирано од височина од 36.576 метри.
По само 32 секунди тој го проби звучниот ѕид, а најголемата брзина која ја достигна изнесуваше 1.173 километри на час.
Нешто подоцна Баумгартнер се јави и во базата. По точно четири минути и 19 секунди сам го отвори првиот падобран, а откако успешно ги отвори сите четири падобрани, Баумгартнер во 20:16 часот успешно слета.
Тимот кој работеше заедно со Баумгартнер, на проектот Ред Бул Стратос, броеше 200 луѓе. Австриецот го собори рекордот кој пред 52 години го постави неговиот ментор Џозеф Китинџер.
Главна цел на целиот проект беше да се соберат податоци кои на научниците ќе им овозможат подобрување на условите на вселенските патувања, како и да овозможат евакуација на вселенско летало на голема височина.
Баумгартнер со својот скок од работ на вселената собори низа рекорди, како најголема брзина при слободно паѓање, највисок скок, највисок лет со балот и најдолго слободно паѓање.
15.10.2012 (Макфакс)